На 28.12.2019 во 18,50 часот на автопат Тетово-Гостивар, во близина на место викано„Тумчевишка клучка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(20) од Гостивар, и патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(49) од с.Речане,гостиварско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во патничко моторно возило „пежо“ Ф.С.(51), О.Р.(48) и Д.Х.(27), сите од с.Речане и биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.
фото: Архива