На 28.05.2019 Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спроведе засилени контролни активности во кои биле откриени и санкционирани 70 различни видови прекршоци. Најбројни прекршоци биле неприлагодена брзина според условите на патот во и надвор од населено место(24), непрописно паркирање (17), истечена регистрација(6), непоседување возачка дозвола (3) и други. За овие прекршоци поднесени се 26 прекршочни, 36 мандатни платни налози и 14 писмени предупредувања.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 28 мај извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 335 возачи, од кои седум возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле четири возила, брзината ја надминале 24 возачи, двајца возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а додека еден возач не користел сигурносен појас.