Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Сообраќајни несреќи со автомобили и мопеди во Свети Николе, Прилеп, Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
soobrakajka

На 07.03.2019 година во 14,45 часот било пријавено дека во Свети Николе на улицата “Младинска“ патничко моторно возило “Опел“ со светиниколски таблици управувано од С.П.(43) од с.Милино удрил во пешакот Д.М.(81) од Свети Николе. Д.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.

— реклама —

На 07.03.2019 година во 18,30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-с.Витолиште Ц.Б. (77) од Прилеп управувајќи мопед „Томос“ изгубил контрола над истиот и паднал на коловозот. Ц.Б. бил пренесен во Градска Болница-Прилеп, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 07.03.2019 година во 18,00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Партизански Одреди“ наспроти Трговскиот центар “Порта Влае“ Б.Л. (61) од Скопје управувајќи мопед „Бенели“ изгубил контрола и паднал од мопедот. Б.Л. бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

— реклама —

На 07.03.2019 година во 18,45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во с.Булачани патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.Б.(28) од с.Булачани-скопско удрило во Б.Р.(59) од с.Булачани- скопско кој туркал мотокултиватор. Во негодата со повреди се задобил Б.Р. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде констатирани му биле тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања