„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Сообраќајни несреќи во Виница, Македонска Каменица, Струшко, има повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
soobrakajna-nesreka

На 23.02.2019 година во 04.28 часот на ул.„Индустриска“ во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд фиеста“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Д.(58) од Виница и товарно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка „Кроне“ со винички регистарски ознаки,, управувано од Д.З.(24) од село Трсино, виничко. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Кочани, од каде биле препратени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница.

— реклама —

На 23.02.2019 година во 12.30 часот на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани, кај место викано „Кантурски рид“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат добло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(61) од Штип и патничко возило „Југо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(49) од село Дулица-Македонска Каменица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Југо“ и бил пренесен во болницата во Штип. Извршен е увид.

На 23.02.2019 година во 16.20 часот на локалниот пат во населба Теферич во Струга, Ф.Б.(39) од село Шум, струшко, управувајќи патничко возило „Опел астра“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од село Шум и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања