„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Сообраќајот на патот Маврово-Дебар е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат скоро на целата територија на државата.

— реклама —

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, патниот правец Прилеп-Мак.Брод преку планинскиот премин „Барбарос“, како и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан и Тетово - Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

Од 20.45ч сообраќајот на  патниот правец Маврово – Дебар, во близина на манастирот Св. Јован Бигорски е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти.

— реклама —

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања