Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози, но еве каде има градежни активности

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
patarina1
Илустрација

На 09.03.2019 сабота, од 08:00 до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Смоквица-Миравци (пред клучка Миравци) за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

— реклама —

Ве известуваме дека на 09.03.2019 год. од 09:00 до 11:00 часот и од 13:00 до 15:00 часот ќе има временска забрана за одвивање на сообраќај на возила заради асфалтирање на делницата Младо Нагорчане - Пелинце.

— реклама —

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите, дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

— реклама —

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања