„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, забрана за тешки моторни возила на повеќе патни правци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
smokvica-pat

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози

— реклама —

Од 01:30 часот поради интензивни врнежи од снег и засилен ветар се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак-Маврово-Дебар.

Од 04:30 часот поради интензивни врнежи од снег и засилен ветар се воведува забрана за тешки товарни возила на патниoт правец Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато.

— реклама —

Од 06:30 часот поради интензивни врнежи од снег и засилен ветар се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Kичево преку планинскиот премин Стражa.

Од 07:45 часот на магистрaлниот пат Крива Паланка-ГП Деве Баир, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за ТМВ.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Виадукт трејд ДООЕЛ известува дека на ден 22.02.2019-петок и 23.02.2019-сабота ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Велес-Градско за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите, дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања