Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Oд вчера автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип е пуштен за сообраќај во двата правци. АМСМ апелира до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.
„Виадукт Трејд” известува дека денеска ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А4, патен правец Крупиште-Пробиштип (крстосница Пробиштип) за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.