Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.
„Од 07:30 часот забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица“, информираат од АМСМ.