„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Соопштение во врска со најавениот протест на жителиод населба „Чекоштина“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
cekostina

— реклама —
Во врска со најавениот протест на жители од населбата „Чекоштина“ ја информираме јавноста дека посочениот населен потег не е во рамки на утврдените урбани зони со уредено градежно земјиште, при што општина Охрид нема обврска за комунално уредување на истиот.

Сите граѓани односно инвеститори кои граделе објекти на овој потег во договорите за регулирање на правата и обврските за уредување на градежно земјиште, кои ги имаат склучено со општина Охрид имаат дадено согласност дека се обрзуваат на сопствен трошок да ги регулираат обврските од член. 97 од Законот за градежно земјиште со кој инвеститорот се ослободува од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште.(комуналии)

— реклама —
Жителите од овој дел на градот кои се организирани во здружение на ден 13.07.2020 година остварија средба со градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески на која беше посочено дека во рамки на општинскиот буџет за 2021 година се планира издвојување на средства за соодветно уредување на просторот во населбата „Чекоштина“ и решавање на приоритетните комунални проблеми. Во овој период не постоеше реална можност за спроведување на постапка за изработка на проекти и спроведување на тендерски постапки за уредување на градежно земјиште, бидејќи истите не беа предвидени во програмите за 2020 година. Во моментов општина Охрид има активен тендер за јавно осветлување и ќе се вложат напори во текот на наредниот период да биде исполнето барањето на жителите за решавање на проблемот со осветлување.

Општина Охрид останува отворена за соработка и продолжува да работи во интерес на потребите на граѓаните. Се упатува јавен повик до сите жители на оваа населба да ги поднесат своите предлози и барања до службите на општина Охрид и активно да се вклучат на средбите со граѓани кои се организираат со жителите на месните и урбаните заедници

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања