Деновиве неочекувано многу се зборуваше и пишуваше за тоа што вози лидерот на Левица, Димитар Апасиев кој утрово на оваа тема даде инересен коментар:
Само АЛФА мажјак вози Алфа Ромео на жена му – напиша Апасиев на својот профил на фејсбук.

И неговата сопруга, Тамара Јованов не остана имуна на овие случувања, па и таа на својот профил на фејсбук објави:
„Ако сакате да ви ја продадеме Алфата, зашто гледам дека се’ неа ја зборите. Ќе ви ја дадеме за 2000е, оти се подрасипува чат-пат, ама инаку е коска. Па ние ќе си купиме друга (евентуално пак за 3000е), за да има за што да си правите муабет и за некое време, а и ние со што да се возиме, кога не не’ собира на точак сите четворица. Пс. За морализатори има посебен круг во пеколот“.
