Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Сопругата на Ѓорѓиевски демантира: Чантата чини 944 денари, не 30.000 евра, барам јавно извинување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-librarytbbgfb9o3v6calJaANn

СДСМ во партиско соопштение објави дека сопругата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера на партиска промоција се појавила со брендирана чанта „Хермес“. Како што велат од партијата оваа чанта, Hermes mini Kelly 2 (20 cm) чини од 28.000 до 33.000 долари.

— реклама —

Мартина Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека чантата чини само 944 денари и побара јавно извинување.

„Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и Скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и се така за да привлечат внимание. За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30 000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена од продавницата на Obuca Metro Македонија, и тоа на попуст за 944 денари. Истата нема никаква врска со брендот Hermès, ниту по потекло, ниту по цена, ниту по вредност, ниту пак носи натпис на брендот. Доколку не веруваат, може да им ја подарам мојата на увид, а може и самите да ја посетат продавницата, има одлични работи за супер ефтини цени за луѓе кои живеат скромен и чесен живот. Има сѐ уште на располагање од истиот модел на поголема варијанта од малата чанта.

— реклама —

Обидот преку евтина конструкција да се создаде наратив за „луксуз“ и „аздисаност“ служејќи се со лаги и клевети во најмала рака е безобразно.

— реклама —

Не е мое да коментирам политички, но вмешувањето на потесно семејство во отсуство на вистински аргументи и ширење на лажни вести не е политика, туку дно.

Барам јавно извинување за изнесените невистини и повлекување на лажните тврдења.

Во спротивно, ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на честа и угледот.

Политиката не смее да се води преку лаги и лични дискредитации“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања