Сопругата на министерот за финансии Фатмир Бесими купила и инвестирала во имот со вредност поголема од 200.000 евра за нецела 2023 година.
Ова го покажуваат ажурираните податоци од анкетниот лист на владиниот функционер кај Државната комисија за спречување на корупција, кои ги објави Faktor.mk.

Mинистер, пак бил пасивен и годинава не покажал интерес за вакви активности. Овие евиденции од околу 220.000 евра го прават далеку „потежок“ анкетниот лист на министерот Бесими кој беше назначен на својата функција од Владата во 2020-та.
Претходно тој на по два пати беше министер за економија и вицепремиер за економски прашање, а еднаш беше и вицегувернер на Народна банка.
Од Министерството за финансии пак со реакција дека не станува збор за нова имотна состојба, односно дека станува збор за промена на структурата на имотот од претходен период која била регистрирана оваа година.