Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, синоќа присуствуваше на приемот што во Њујорк го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генерално собрание на Обединетите нации.
Приемот се одржа во рамките на иницијативата „Заедничко градење на иднината“ (Fostering the Future Together), која има за цел да обезбеди поддршка за децата и младите и да создаде нови можности за нивниот развој и образование.
Обраќајќи им се на присутните, Меланија Трамп истакна дека сопругите на светските лидери претставуваат спој на различни култури, јазици, истории и традиции.
„Сите сме обединети околу една вечна вистина: иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца“, порача првата дама на САД.