Сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, присуствуваше на настанот „Глобален женски појадок“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Foto-4

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на настанот „Глобален женски појадок“ на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет. Иницијативата за овој глобален настан е на IUPAC  - Меѓународна унија за чиста и применета хемија, кон која по вторпат се приклучи и Сојузот на техничарите и технолозите на Македонија, а се одржува под мотото „Градење врски за создавање на идни лидери“.

— реклама —

— реклама —

„Не се сомневам дека ова локално и национално вмрежување, кое понатаму ќе прерасне и во вмрежување на меѓународно ниво, ќе придонесе за градењето на идни лидери во науката, но и воопшто во останатите сегменти на живеењето. Женското лидерство, особено лидерството во науката е нешто што му e неопходно на ова општество и воопшто на човештвото “, истакна сопругата на Претседателот.

— реклама —

Говорејќи за предизвиците на жените од академската заедница, Ѓоргиевска на присутните им кажа дека ги знае напорите што секоја професорка ги вложува за да биде подеднакво почитувана и ценета како и колегите истакнувајќи дека сеуште треба да се работи на целосна родова еднаквост во политиката, бизнисот, науката, но и во нашите размислувања, менталитет и култура на живеење.

„Она што сакам особено да го потенцирам е борбата да биде за еднаквост во квалитет, не во квантитет. Не станува збор за квоти, за број на жени, туку да се бориме за вистинските вредности, за еднаквост на квалитетни кадри. Не се сомневам дека имаме извонреден потенцијал, дека имаме жени лидери кои можат да го предводат развојот и на нашата наука, но и да бидат лидери во општествените процеси. Токму со женската грижа, темелност, љубов ќе дојдеме до напредок и до просперитет на целата заедница“, порача сопругата на Претседателот.

Идејата за овој појадок е да се соберат жени, активни на полето на хемијата и сродните науки, вработени во различен тип на организации - универзитети, компании, училишта, лаборатории од приватен и државен сектор, со цел да ги споделат различните искуства во досегашната кариера, како и да се разгледаат можностите за идни соработки.

фото: Кабинет на претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања