Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сопругата на претседателот и сопругите на амбасадорите, се вклучија во акцијата „Црвен аларм за женското срцево здравје“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Foto-5-1

Сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, заедно со сопругите на амбасадорите акредитирани во државата, и амбасадорката на Украина, активно се вклучија во акцијата за јакнење на свесноста за женското кардиоваскуларно здравје „Црвен аларм за женското срцево здравје“.

— реклама —

 Денеска, со личен пример преку прегледи и разговори за ризиците од ова заболување, се заложија за промена на погрешната перцепција дека кардиоваскуларните болести се болест ексклузиво само за машката популација. Болестите на срцето се за осум пати поголема причина за смртност кај жените во споредба со карциномот на дојка. Токму затоа, превенцијата е од исклучително значење, истата треба да започне што порано во животот на младите жени.

— реклама —

 Сопругата  на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, посочи дека ова е здравствен проблем и тема што досега се занемарени и се во сенка на други болести кои не се поубиствени од болеста на срцето, но, многу повеќе се експонирани и застапени во јавноста низ разни акции.

— реклама —

 „Јас сум тука заедно со дел од сопругите на амбасадорите, акредитирани во Република Северна Македонија, да дадеме поддршка за акцијата Црвен аларм за женското срцево здравје, која ќе трае во наредните три месеци, до 1-ви февруари. Сакам да апелирам до жените на било која возраст да отидат во нивните семејни амбуланти и да извршат скрининг, односно проценка на ризикот за кардио-васкуларни заболувања, бидејќи за жал, иако сметаме дека  карциномот на дојка е еден  од најголемите убијци на жената, смртноста од кардио-васкуларни проблеми е драстично поголема. Ако смртноста од карцином на дојка е еден наспрема 31, смртноста  од кардио-васкуларни болести е еден наспрема три“, изјави Елизабета Ѓоргиевска,  сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија.

— реклама —

 Акцијата ќе се одвива три месеци, до февруари наредната година, поточно, до Денот на одбележување на женското срцево здравје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања