Сопружници загинаа по излетување со возило во Радика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
brza-pomos-nokje-3

Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, кога патничко возило излетало од коловозот и паднало во реката Радика.

— реклама —

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 2 јануари 2026 година во 15:36 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф. (56) од селото Видуше, општина Маврово и Ростуше, излетало од патот и завршило во коритото на реката Радика.

Во несреќата, од здобиените тешки повреди, на самото место на настанот починале возачот А.Ф. и неговата сопатничка М.Ф. (56), исто така од селото Видуше. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

— реклама —

По насоки на надлежен јавен обвинител, возилото е задржано во полициска станица за вршење вонреден технички преглед, додека телата на починатите се предадени на обдукција со цел утврдување на точните причини за смртта. На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Гостивар, а истрагата за околностите под кои дошло до трагичниот настан е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

izlea-reka

Се урна мост на реката Радика поради зголемено ниво на вода

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања