Сопствениците на кафулињата на Кеј 13 Ноември во строгиот центра на Скопје сами си ги уриваат терасите заради реновирање на шеталиштето. Сите објекти кои се наоѓаат буквално среде целото шеталиште, треба да се отстранат.
Според договорот помеѓу Град Скопје и кафанџиите, летни тераси нема да има во средина, туку ќе им се дозволат плус 3,5 метри во делот пред локалите.
По завршувањето на градежните работи, Град Скопје ќе го реновира кејот, ќе се постави нов плочник, клупи, корпи, осветлување.
„Градот го подготвува теренот за да може да започне реконструкцијата на Кејот. Локалите се согласија да го ослободат просторот, но за возврат ќе добијат проширување на постојните тераси. Тоа значи дека летни тераси во средина на шеталиштето нема да има, но за сметка на тоа Градот ќе им овозможи на локалите да го прошират постојниот капацитет“, објаснија од Град Скопје.
Кејот „13 Ноември“ треба да биде уреден до лето.
фото: vecer.press