„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сопственичка на сајт за попусти ќе биде нова министерка за финансии?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
120190420_222536

— реклама —

Владиниот кабинет ќе претрпи измени со назначувањето министерка за финансии, пишува Алсат. На чело на ова министерство, како што неофицијално дознава Алсат, во трката меѓу трите жена, Нина Ангеловска, Татјана Штерјова и гувернерката Анита Бежовска Ангеловска, предводи Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата Групер.

Од разрешувањето на Драган Тевдовски во јуни, со Министерството за финансии управува заменик-министерката Ширет Елези, а политиките во овој ресор ги води премиерот Зоран Заев. Заев првично предложи тој да биде и министер за финансии, но од Антикорупциската комисија излегоа со мислење дека тој нема право биде и премиер и министер.

— реклама —

Исто така, како што дознава Алсат, од фунцијата заменик министер за економија ќе се повлече Кире Наумов. Тој заминува на друга позиција во Македонската Банка за подршка на развој а на негово место, во ресорот што го предводи Крешник Бектеши доаѓа една од кандидатките кои се споменуваат за финансии, пишува Алсат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања