Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Сопственикот на „Пинк“ отпушта 1.000 работници, веќе 150 лица останаа без работа во театарот „Одеон“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
media-library7aacr1gbsmtb3joA7G4

Сопственикот на „Пинк медиа груп“, Жељко Митровиќ, најави дека околу 1.000 вработени во неговиот деловен систем ќе останат без работа поради финансиските тешкотии со кои сè уште се соочуваат дел од компаниите.

— реклама —

Митровиќ соопшти дека веќе се отпуштени 150 лица од театарот „Одеон“ во Белград, откако биле распуштени сите негови ансамбли. Отпуштањата ќе опфатат околу десет компании во рамките на неговиот деловен систем.

— реклама —

„Еден од најтешките денови во мојот живот, полн со емоции, љубов, топлина и разбирање. Ги распуштив сите ансамбли во театарот ‘Одеон’, 150 луѓе останаа без работа. Во целиот систем ќе морам да отпуштам околу илјада луѓе“, напиша Митровиќ на својот профил на Инстаграм.

— реклама —

Театарот „Одеон“ почна со работа во септември 2024 година, откако Митровиќ го купи истоименото кино на улицата „Кралица Наталија“, во центарот на Белград.

На крајот од минатата година тој веќе најави затворање на театарот, како и кадровски промени во рамките на „Пинк“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања