Промени тема
Контакт

Сопственоста на нашата компанија никако не е поврзана со Милорад Додик, вели ИНФИНИТИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Dodik

Компанијата „ИНФИНИТИ Енерџи и ИТСС Скопје" испраќа демант во однос на наводите изнесени од страна на партијата ВМРО – ДПМНЕ и пратеникот Александар Николоски.

Демантот ви го пренесуваме во целост

Компанијата „ИНФИНИТИ Енерџи и ИТСС Скопје“ ги отфрла сите наводи, кои пратеникот Александар Николоски и неговата партија ВМРО-ДПMНЕ, изминативе денови ги пласираат во јавноста тенденциозно и неаргументирано спомнувајќи ја нашата компанија.

„ИНФИНИТИ Енерџи и ИТСС Скопје“ ги испочитува сите законски процедури и на транспарентен начин го доби тендерот за набавка на компјутери за Министерството за внатрешни работи, а кој се спроведува со американската компанија Dell, едно од водечките светски имиња во светот на информациската технологија. Ги отфрламе инсинуациите дека на овој начин можеме да влијаеме на безбедносниот систем во Северна Македонија, бидејќи се работи за стандардна набавка на компјутерска опрема која никако не може да има влијание врз безбедносните структури во државата.

— реклама —

Со сензационалистичкиот пристап на пратеникот Александар Николоски, во јавноста се пласираа неточни информации, чиешто објавување со очигледна намера нанесе штета како на работењето на компанијата, така и нашите деловни партнери.

— реклама —

Остро ги отфрламе и наводите дека синот на Милорад Додик, цитиран во изјавата на Николоски, е сопственик, или пак некогаш бил сопственик на Infinity International Group или на друга компанија која е дел од неа. Мнозински сопственик на „ИНФИНИТИ Енерџи и ИТСС Скопје“ е Infinity International Group, и има транспарентна сопственичка структура којашто во секое време може да се провери преку увид во судскиот регистар.

Сметаме дека е особено навредливо тврдењето дека нашата компанија и групацијата на која ѝ припаѓаме се наоѓаат на црната листа на САД, поради што ќе бидеме принудени за изнесените невистини да побараме соодветна правна заштита пред надлежниот суд.

— реклама —

Имајќи ги предвид овие факти, го отфрламе секој обид за политизирање на работата и резултатите на нашата компанија, кој не е ништо повеќе од нарушување на деловниот углед и репутацијата која внимателно ја градиме, за доброто на целата заедница и нашите вработени.

„ИНФИНИТИ Енерџи и ИТСС Скопје“ вработува 30 експерти и инженери кои со својата квалитетна работа и знаење на клиентите им ги нудат најсовремените деловни решенија. Благодарение на тоа, нашата компанија е препознаена од странските партнери како доверлив и квалитетен соработник кој зад себе има бројни успешно реализирани проекти. За квалитетот говори и податокот дека „ИНФИНИТИ Енерџи и ИТСС Скопје“ аплицираше и за членство во Американската стопанска комора, чијашто македонска филијала брои повеќе од 130 најуспешни деловни субјекти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања