Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Соработката со Алијанса ќе биде додадена вредност за граѓаните и државата во реализацијата на европската агенда, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се зголемува, како чекор напред за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ. Извршниот одбор (ИО) на СДСМ едногласно одлучи да продолжат разговорите со Алијанса за Албанците за влез на оваа партија во владината коалиција. Соработката со Алијанса ќе биде додадена вредност за граѓаните и државата во реализацијата на европската агенда, вели СДСМ

„Ова истовремено претставува јасна диференцијација од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, двете политички партии во Собранието кои се против ЕУ.

— реклама —

На Мицкоски, повторно му се изјаловија плановите за парламентарно мнозинство, кое го најавуваше на почетокот на годинава.

— реклама —

Мицкоски нема 61 пратеник, нема распуштање на Собранието, напротив парламентарното мнозинство на СДСМ расте.

И пред една година Мицкоски велеше дека има ново парламентарно мнозинство и тогаш владиното, актуелното мнозинство се зголеми.

— реклама —

Во период кога се најреални шансите за членство на државата во унијата до 2030-та година, сите политички партии имаат одговорност во градењето консензус за влез во ЕУ.

— реклама —

СДСМ, по 17 години од кандидатскиот статус, ги отвори преговорите во Европската Унија со целосно заштитен македонски идентитет и рамноправно признаен македонски јазик.

Наша одговорност пред граѓаните е да ја обезбедуваме европската иднината на државата, економскиот стандард, за подобар живот за сегашните и идните генерации“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања