Сораја се бори за живот по тешката сообраќајка во Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
soraja-vucelic-e1507626831838-1000x555-1

Старлетата Сораја Вучелиќ се бори за живот, откако викендов имала тешка сообраќајка во Албанија, пренесоа локалните медиуми. Таа има скршеници на ребрата и внатрешно крвавење, поради што од Албанија била префрлена во Хрватска на итна операција.

— реклама —

„Лекарите од саботата се борат за животот на Сораја. Веднаш по несреќата била префрлена во приватна клиника во Албанија каде и била оперирана. Сепак, вчера состојбата ѝ се влошила и почнала внатрешно да крвави. Семејството и пријателите решиле да ја префрлат во Хрватска на нова операција“, раскажал за Информер извор близок на Сораја.

— реклама —

Тој открил дека старлетата со пријателка оделе од Косово за Албанија.

— реклама —

„Таа управувала џип ‘мерцедес’ во кој удрило комбе. Од силината на ударот Сораја за малку ќе прелетала низ возачкото седиште. Таа со градниот кош удрила во воланот при што ги скршила ребрата и ги повредила внатрешните органи. Автомобилот е целосно уништен. Пожарникарите морале да ги извлечат Сораја и нејзината пријателка од џипот. Итната помош брзо пристигнала на местото на настанот и ја нашла во несвест. Ја приклучиле на инфузија и ја однеле во приватна клиника. Лекарите детално ја прегледале и утврдиле дека има скршеници на ребрата, повреди на вратот, белите дробови и стомакот, па затоа била оперирана. Но, вчера ненадејно се појави ново крвавење и таа мора да оди на нова интервенција“, рекол истиот извор за „Информер“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања