Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Сослушани 11 сведоци на судењето за случајот со Данка Илиќ, побарано ново вештачење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 20 минути -

Балкан
media-library0vtc3mb71vsfb8UYQSr

Со сослушување на 11 сведоци и барање за ново невропсихијатриско вештачење продолжи судскиот процес против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгиевиќ, обвинети за исчезнувањето и смртта на двегодишната Данка Илиќ, пред Вишиот суд во Неготин.

— реклама —

Според РТС, сите сослушани сведоци останале на исказите што претходно ги дале пред Вишото јавно обвинителство. Поголемиот дел од нив потврдиле дека на денот на исчезнувањето виделе девојче кое одговарало на описот на Данка, во близина на дворот на семејната куќа.

— реклама —

Одбраната побарала ново невропсихијатриско вештачење за да се утврди дали обвинетите биле во посебна ментална состојба во моментот кога ги давале исказите во Полициската управа во Бор.

Адвокатот на Јанковиќ, Живадин Богдановиќ, се повикал на синдромот на конфабулација, односно можноста лице под притисок или закана да изнесува факти што не произлегуваат од неговото првично знаење, туку му биле сугерирани.

— реклама —

Одбраната на Драгиевиќ, пак, посочи дека сведоците не ги промениле своите претходни искази.

— реклама —

Судењето продолжува утре, 24 ноември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

danka

Мајката на Данка Илиќ се надева дека нејзината ќерка е жива

Балкан | пред 3 дена

— реклама —
media-library0vtc3mb71vsfb8UYQSr

Шокантни тврдења на судењето за Данка Илиќ: Обвинетите велат дека биле тепани и задушувани

Балкан | пред 4 дена

danka

По повеќе од две години започнува судењето за убиството на двегодишната Данка Илиќ

Балкан | пред 3 седмици

danka

На 30 октомври почнува судењето за убиството на Данка Илиќ

Балкан | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања