Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Состанок на министрите за локална самоуправа и за дигитална трансформација и на претседателот на ЗЕЛС: Дигитализацијата на локалните услуги во фокусот на двете министерства, процесот забрзано ќе се дв...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4948

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

На состанокот се разговараше за процесот на дигитализација на локалните услуги. Беше констатирано дека дигиталната трансформација на локално ниво е приоритет и на централно и на локално ниво и дека преку соработка на надлежните министерства за локална самоуправа и за дигитална трансформација, со ЗЕЛС и со единиците на локалната самоуправа, процесот забрзано ќе се движи напред.

— реклама —

На состанокот беше истакнато дека дигитализацијата е приоритет на оваа Влада што е потврден и преку воспоставувањето на новото Министерство за дигитална трансформација кое што има мандат да ги координира сите активности за дигитална трансформација и на централно и на локално ниво.

— реклама —

Целта е да се олесни пристапот на граѓаните до сите услуги, да се зголеми ефикасноста, но и транспарентноста во работењето на јавниот сектор и на локално и на централно ниво. Крајната цел е да се обезбеди опфат на сите општини кои што ќе обезбедуваат дигитални административни услуги за граѓаните и да се овозможи единствен пристап до електронските услуги преку националниот електронски портал Е-Услуги.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања