Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Состојбата на пациентите со корона вирус е стабилна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
koronavirus

Министерството за здравство информира дека состојбата на двајцата сопружници заболени од коронавирусот кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна.

Стабилна е и првата заболена пациентка, чиј последен контролен тест беше негативен, но во текот на утрешниот ден ќе биде направен уште еден тест за да се потврди резулатот, односно да се потврди дека таа повеќе не е инфективна.

— реклама —

Во вторник, 10 март, истекува перидот на изолација на сите сопатници кои на 26 февруари пристигнаа со првата заболена пациентка. Тоа е практично 14-иот ден на кој ќе биде направена темелна евалуација од страна на епидемиолозите, а по што ќе биде прекината или продолжена изолацијата соодветно на секој поединечен случај.

Во текот на вчерашниот ден, ДЗСИ ги подели решенијата на сите патници и блиските контакти на заболените кои на 27 февруари пристигнале во земјата. Решенијата подразбираат здравствен надзор и контрола на домашната изолација во соработка со полиција, а за непостапување по решението следуваат правни санкции.

— реклама —

Согласно новата состојба и мерките кои ги презеде италијанската Влада во текот на утрешниот ден по состанок со Комисијата за заразни болести и формираниот комитет за следење и информирање за состојбите со коронавирусот, а во консултација со сите релевантни институции, Министерството за здравство ќе  информира за евентуални нови мерки за превенција и заштита од понатамошно ширење на вирусот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања