Промени тема
Контакт

Состојбата со пожарите сѐ уште сериозна – осум активни пожари низ земјата, најмногу во регионот на Македонски Брод

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
hermelini

И покрај ангажманот на институциите, состојбата со пожарите на отворен простор во земјава и натаму не е стабилизирана. Според информациите што Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги објави денеска до 14:00 часот, активни се вкупно осум пожари, додека само еден пожар е целосно изгаснат.

Најголем дел од активните пожари се лоцирани во општина Македонски Брод, каде се бележат дури три жаришта – кај селото Црешнево, во населбата Самоков и во селото Слатино. Во Црешнево гори деградирана дабова шума и грмушки, додека во Самоков, во кругот на поранешната фабрика „Сувенир“, избувнал пожар во магацин/хала со складирани гуми и палети. Кај Слатино гори лисната постелка и ниска вегетација.

— реклама —

Пожар е активен и на подрачјето на општина Прилеп, кај селото Бешиште, каде гори приземен пожар во мешана шума. Во општина Чашка, под Солунска Глава, помеѓу изворите на реката Бабуна и локалитетот Бабина Дупка, засега нема активен пламен, но има појава на чад во карпест дел.

Пожар се уште гори и на потегот помеѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, каде е зафатена мешана шума и ниска вегетација. Исто така, шумски пожар е активен и кај селото Белаковце во општина Старо Нагоричане.

— реклама —

Од ЦУК информираат дека единствениот пожар кој е целосно изгаснат до овој момент е во село Чешиново, општина Чешиново-Облешево, каде што горело стрниште.

— реклама —

Надлежните институции се на терен и ги преземаат сите мерки за локализација и гаснење на пожарите, а јавноста се повикува на зголемена внимателност и пријавување на секое жариште на бројот за итни случаи 112.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања