Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Шоу-бизнисот го донесе во реалноста: Подемот и падот на Боки 13

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
boki-13-1

Патот на Бојан Јовановски алијас Боки 13, од учесник во балканско реално шоу, хуманитарен работник,сопственик на телевизија, до осомничен за перење пари и примање награда за противзаконско влијание.

Кариерата на Јовановски низ годините смени многу димензии и агли. Популарноста ја стекнува пред десетина година, во реалното шоу Големиот брат, па потоа заплива и во пејачките води каде изведуваше негови песни на македонски и српски јазик, но и имитации и преработки на балкански песни од други изведувачи. Пејачката кариера на Боки 13ка требаше да ја достигне својата кулминација со концерт, кој беше откажан, заради неплатени трошоци кон салата во која требаше да се одржи концертот.

— реклама —

Јавноста го памети Јовановски што своевремено облекуваше женска гардероба, а истото стои и на Википедија каде се вели дека својата популарност ја достигнал со имитаторство на познати балкански пејачи и по својот женски стил на облекување.

— реклама —

Но професионалниот пат на Боки 13 го смени својот правец, па тој се проба и во водителските води, каде имаше своја емисија на насловена АРЕНА Б-13.

— реклама —

Неколку години подоцна, Јовановски почна да се бави со хуманитарна акции каде помагаше на социјално загрозени семејства и донираше пари и помош за лекување или преживување.

Така настана и Меѓународниот сојуз, во 2017 година, каде што Јовановски стана директор. На седницата на која Боки 13ка беше избран за директор на сојузот присуствуваа и пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, заедно со пратеникот Стефан Богоев, актуелен градоначалник на Карпош и многу други јавни личности.

Јовановски тогаш рече дека финансиската добивка како претседател ќе ја донира секаде каде што е потребно. За почесен претседател на овој сојуз беше избрана екс-министерката за труд и социјална политика, актуелна пратеничка од СДСМ, Фросина Ременски.

Јовановски најави и посвојување на три дечиња, но за кратко време се премисли.

Како гром од ведро небо сепак одекна веста, дека Бојан Јовановски ќе стане сопственик на телевизија. Најавата стана и реалност па тој во март 2018 година ја отвори 1ТВ. Собра екипа, познати и докажани новинари и тврдеше дека телевизијата ќе биде врвот на македонскиот медиумски пазар.

Како поминуваа деновите, и во следните месеци, па целата година, во 1ТВ продифелираа сите познати политичари, гостуваа обвинители, директори, министри, а многу често Јовановски можеше да се забележи на приватни и деловни состаноци со луѓе од власта, кои присуствуваа на отварањето на 1ТВ, но и на роденденот на телевизијата.

Во меѓувреме се објавија серија на новинарски текстови, каде под псевдоними се опишуваше за наводна рекетарска група од неколку лица, а јавноста го препозна токму Јовановски како дел од групацијата. Неодамна беше блокирана и сметката на телевизијата, но по кратко време беше вратена. Вчера заради сомнение за перење пари и примање награда за противзаконско влијание, Јовановски е во 30дневен притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања