„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Советниците на Град Скопје ги разгледуваат извештаите за работа на ЈП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Sednica-na-Sovet-2

Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2019 година, за периодот од 01.01. до 31.03.2019 година е една од точките што се на дневниот ред на денешната седница на Советот на Град Скопје. Покрај овој извештај, Советот денеска ќе расправа и за извештаите за работењето на јавните претпријатија чии основач е Градот Скопје за 2018 година, како и согласност на тримесечните извештаи на јавните претпријатија чии основач е Градот Скопје, за период од 01.01.2019 година до 31.03.2019 година.

— реклама —

Советот денеска ќе расправа и за одлуки за воспоставување соработка со Општина Центар за проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на дел од улиците 11 Октомври и Димитрије Чуповски, како и соработка со Општина Сарај за финансиско учество за целосна реконструкција на сервисната улица бр.6. На дневен ред на денешната седница се и поголем број одлуки за носење на Регулациски план за градски четврти, и тоа ССИ 07, ЈИ 02, како и четврт СИ 02, а ќе се расправа и за давање на согласност за промена на статутите на повеќе јавни претпријатија и јавни установи кои се во надлежност на Град Скопје.

— реклама —

Дополнително, советниците ќе расправаат и за предлог-одлуките за определување локации за поставување урбана опрема- станици за полнење електромобили, за одлуката за примање донација на полначи за мобилни телефони, а ќе расправаат и за Предлог-стратегија за соработка на Град Скопје со граѓанските организации, со Акциски план 2019 – 2021 година.

Советот на оваа седница ќе одлучува и за поголем број измени и дополнувања на програми на јавните претпријатија и јавните установи, а ќе одлучува и за изборот на членови на управниот и надзорниот одбор на новоформираното јавно претпријатие „ Лајка“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања