Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Советниците на Меџити си вработуваат цели семејни лози на клиники, алармира ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
onkologija-direktori-medziti-3

„Владата на СДС, ДУИ и Алијанса за Албанците со своето неработење, негрижа и игнорантски однос го стави еден од најчувствителните ресори - здравството „на апарати“. Без долгогодишна кадрова стратегија за континуирано надополнување на потребниот медицински кадар, без системска грижа за едукации и пренос на знаење и со нерешавање на статусот на голема група здравствени работници кои се со договор на дело и посветено работат и се грижат за граѓаните, Владата направи штета на долг рок, а здравството е вратено наназад за неколку децении“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

И додека трае неизвесноста и правните лавиринти за решавање на статусот на здравствените работници кои работат со договор на дело со години, функционерите од власта веднаш ги ухлебија своите семејни лози и тоа директно на терциерно здравство каде се третираат најкомплексните случаи.

— реклама —

По серијата објави од поглавјето „позитивни промени во здравството“ до ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да пристигнуваат информации за вработувањата на цели семејни стебла покрај на министерот за здравство Фатмир Меџити, сега и на неговите советници и партиски функционери на оваа власт.

— реклама —

Јавноста остана за покуса за отчет кога веќе и се полни устите со транспарентост за прашањата:

— реклама —

1.Дали шурата и свеската на Меџити се вработени во неговиот кабинет и по кои критериуми?

2. Дали и сопругата на министерот за правда Кренар Лога се вработи на Клиниката за стоматологија и дали нејзиниот брат е вработен како советник во кабинетот на Меџити?

Иако уште нема одговори за јавноста за овие прашања, во меѓувреме пристигнуваат нови информации за вработувања на семејните лози па јавно прашуваме:

Дали примерот со вработувањата на роднините на Меџити го следат и неговите советници?

Дали на Клиниката за гинекологија каде само за неколку дена имаше три скандали кои уште се без завршеток, на скандалозниот оглас се вработува и сестрата на Ајла Шабани, советничка во кабинетот на министерот Меџити, која работи исто така на Клиниката за гинекологија каде сега се вработува и нејзината сестра?

Дали и снаата на Зоран Верушевски, екс функционерот на СДС се вработи исто така на Клиниката за гинекологија?

Остана ли некој невработен од фамилиите на овие партиски функционери или можеби тие што останаа невработени се следни на листата?

Дека Владата воопшто не е загрижена за вработениот медицински кадар кој работи со договор на дело потврди и со манипулативната предизборна најава со која само направи конфузија кај овој медицински кадар и за ова и беа потребни 7 години за да сега пред избори започне со процедури за вработување кои се комплексни за сите освен за семејните лози.

Во меѓувреме, експресно се среди вработување за семејните стебла покрај на министерот Меџити и неговите советници, но и за децата на партиските функционери како ќерката на Мира Дизел, ќерката на директорот на Клиниката за очни болести и синот на директорот на Клиника за урологија.

Додека на терциерно ниво, каде треба да се третираат најкомплексните случаи се вработуваат овие непотистички лози, цели оддели се затвораат во болниците во внатрешноста заради неводење грижа за кадарот.

Дали Ковачевски се интересира за овие семејни стебла и негативна селекција на начин како што „се загрижи“ за семејните стебла во МНАВ или повторно има двојни стандарди?

Која инспекција ќе ги чешла овие непотистички вработувања во здравството кое го направија огромна семејна фирма на децата, роднините и партиските функционери на СДС и ДУИ?

Време е ваквото владеење да стане минато.

Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања