Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот Шилегов излажа за Езерото Треска кое станува симбол на урбаната мафија и печат на неговото хаотично и неуспешно водење на Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
treska

Градоначалникот Шилегов излажа за Езерото Треска кое станува симбол на урбаната мафија и печат на неговото хаотично и неуспешно водење на градот Скопје.  Спротивно на ветувањата на Шилегов за ревитализација и враќање во живот, езерото Треска стана жртва на урбаната мафија која ја штитат владата и лично градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, се вели во соопштението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

— реклама —

Во продолжение на истото од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ додаваат:

— реклама —

Додека сега го уништува езерото заради бизнис интереси, Шилегов пред локалните избори на 2 октомври 2017 година ветуваше дека овој капитален проект ќе биде ставен во целосна функција и со полн капацитет со пречистителна страница која ќе ја направи здрава водата за скопјани.

— реклама —

Шилегов лажеше дека токму кај Езерото Треска ќе го префрли ноќниот живот, додека бесрамно ги лажеше скопјани дека луѓето кои немаат средства за годишен одмор, ќе им биде овозможено тука да ги минуваат летните денови.

Наместо тоа денеска гледаме илигален грабеж и руинирање на тоа што преставува државна сопственост и заедничко добро на сите граѓани.

Уништувањето на Езерото Треска со амин од Шилегов е уште една потврда за лажните ветувања и мафијашкото однесување на власта.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања