„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Скопје се гуши! Загаденоста 5 пати над дозволеното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
skopje-smog

Скопје се гуши! Загаденоста на воздухот е енормна, а концентрацијата на канцерогените ПМ10 честички во воздухот е и до 5 пати над дозволеното. Скопјани не дишат воздух, туку смог и смрт, се вели во соопштението на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

— реклама —

Во продолежение на истото се додава:

Воздухот е презагаден, поминува уште една година, а Шилегов не одвои ниту денар за намалување на загадувањето, но затоа има половина милион евра за украсување и диносауруси во скопската зоолошка.

— реклама —

Шилегов вети дека ќе го реши проблемот со загадувањето, а еве го преспа цел мандат и проблемот се уште не е решен.

Од година во година загадувањето е се поголемо, нема нови зелени површини, нема инвестиции во енергетски ефикасни фасади, нема нов јавен транспорт или трамвај како што ветуваше Шилегов.

Да го потсетиме Шилегов дека ова е последна зима како е градоначалник на Скопје, и дека треба да се потруди барем малку да влијае на намалување на загадувањето, за скопјани да дишат нормално, се вели во соопштението на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања