Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Шилегов скапо ги чини скопјани, освен Ковид-19 постои и наезда на лебарки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
lebarki

Додека Петре Шилегов зборува за некоја висока политика, Скопје го изеде наезда на лебарки. Тоа е така затоа што градот Скопје не врши дезинфекциска и дератизација што е една од неговите законски обврски. Овие фази се целосно прескокнати и пропуштени поради тоа што Скопјани освен со корона се соочуваат со наезда на лебарки, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа наезда е последица на неработата на градот Скопје.

Вонредна состојба, пандемија, многу ѓубре по контејнери, оставена храна во затворени објекти кои не работат, бујна вегетација неискосена, запушени канали, сето ова допринесе за развој и на бубашваби кои пренесуваат многу заразни болести.

Потребна е стратегија на град Скопје и општините со министерство за здравство.

— реклама —

Паради не се потребни, треба сериозен пристап кон заштита на населението од заразни болести.

— реклама —

Ѓубре, диви депонии, бубашваби.

Неспособноста на Шилегов освен Ковид-19 носи и други заразни болести со вакво недомаќинско работење, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања