Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов директорот на Дрисла ќе го поднови со 3 нови џипа кога целата држава е во криза и луѓе остануваат без работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
27-28-sednica-na-sovet-2019-2

— реклама —

Петре Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла Коста Начевски со три нови џипа, кои се дел од јавната набавка од вкупно 13 милиони денари за набавка на нови возила, се вели во советничката група од на ВМРО-ДПМНЕ.

Раководството на Дрисла не крие дека овие возила ќе се користат од раководната администрација и самиот директор.

— реклама —

Значи наместо да се набави работна механизација и кипери, тие ќе набавуваат возила за удопства и луксузирање на раководството на ова градско претпријатие. Сето ова аминувано од скандал мајсторот Петре Шилегов кој самиот соопшти дека не работи и не живее од плата.

Додека Шилегов преку Дрисла набавува џипови, Македонија ја доживува најсериозната економска криза, и се повеќе луѓе живеат во сиромаштија.

Ќе потсетиме дека Дрисла се најде во фокусот кога истиот директор Коста Начевски, инаку братучед на сопругата на генералниот секретар на владата Рашковски додели тендер на друг братучед на Рашковски.

Како советничка група во Градот Скопје бараме повлекување на одлуката за набавка на џипови и испитување на финансиското работење на Дрисла и Петре Шилегов, се вели во советничката група од на ВМРО-ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања