Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Тони отпад се фрлаат на дивите депонии во Ново Село, Визбегово и Вардариште, Шилегов не превзема ништо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Vardariste-diva-deponija-3

Секој ден тони отпад се фрлаат на дивите депонии во Ново Село, Визбегово и Вардариште, а Шилегов не превзема ништо. Скопје е најзагадениот главен град во Европа. Со пасивноста на Шилегов и непреземањето на конкретни активности се ризикува еколошка бомба во Скопје, во ситуација кога главниот град е веќе најпогоден од корона заразата, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во дел од депониите, како што е Вардариште не само што е нем посматрач, туку градот Скопје е и активен учесник во создавањето на депонијата. Фотографиите кои ги објавуваме се фрапантни и вчудоневидувачки, говорат за негрижата на градот Скопје, комуналните инспектори и пасивноста на Министерството за животна средина и просторно планирање. Градот Скопје мора да се откаже од дивата претоварна станица Вардариште и да санкционира диви депонии на само неколку километри од центарот на градот. Тажната слика за Скопје се дивите депонии Вардариште, Визбегово во близина на Шуто Оризари и Ново Село во Ѓорче Петров. Шилегов го ризикува здравјето на скопјани со својот пасивен однос кон овие депонии кои неретко се запалени, испуштаат токсични материи и се еколошка бомба во градот. Шилегов треба да го батали политиканството и навредите и нека се фати за работа, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

 

фото: ВМРО ДПМНЕ

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања