Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Советничка група од ВМРО ДПМНЕ: За што троши Шилегов по 1 милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
27-28-sednica-na-sovet-2019-2

Градот Скопје е блокиран и непроооден при првиот снег. За што троши Шилегов по 1 милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег.  Неспособноста на Шилегов се покажа при првиот снег.

— реклама —

Само за лани и пред две години потрошени се еден милион евра за наводно чистење на снег кој не падна, а сега Скопје е блокирано, се вели во соопштението од Советничката група од ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје.

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

64.900.000,00 денари или над 1 милион евра е договорот кој Петре Шилегов го склучи со фирмата „Аполо Инженеринг“ за изнајмување на возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март за 2019-2020 година.

Шилегов освен неосновната ароганција и заразна неспособност не покажува никакви други резултати.

Во нормална држава Шилегов кривично ќе одговара за потрошените пари чии резултат е еднаков на нула. Снегот ги покри дивите депонии во Скопје но не и неспособноста на Шилегов.

фото: Скопје 1

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања