Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Советничка група ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов кога веќе не може да се фали со изградени булевари и паркови ќе се фали со талибанско менување на имиња на улици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
ulici-skopje

Шилегов кога веќе не може да се фали со изградени булевари и паркови ќе се фали со талибанско менување на имиња на улици.

— реклама —

Менувањето на имињата на улици се прави на насилен пат, без квалитетна јавна дебата и со многу политика.

Од ветениот зиплајн, луна парк, нови булевари, подземни сообраќајници, тунел под кале, Шилегов спадна да главен проект му е имиња на улици како Социјалистичка зора наместо Христо Батанџиев, 4 јули наместо Борис Сарафов, Бихакќа наместо Павел Шатев, Иво Лола Рибар наместо Теодосиј Гологанов, се вели во соопштението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

— реклама —

Во продолжение од советничката група додаваат:

ВМРО-ДПМНЕ бараше повлекување на предлозите за имиња на улици и нивна разработка со сите надлежни фактори и вклучување на општествени авторитети, градски јавни личности, и институтот за историја при универзитетот Св. Кирил и Методиј. Шилегов овој предлог го одби.

Предлозите за менување на имињата на улици сега чекаат одобрение од владата чиј идеен творец е. Апелираме истите да не се прифатат и да се прифати општествена јавна расправа.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања