„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Советничките групи на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ од Охрид, го одбија барањето на угостителскиот еснаф

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Plazi-ohrid

Советот на Општина Охрид го одби Барањето на Здружението на угостители и туристички работници „Охридски Еснаф“. Соопштението го пренесуваме во целост:

— реклама —

Двете советничките групи во Советот на Општина Охрид (СДСМ и ВМРО ДПМНЕ) и градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески денеска одржаа координативен состанок во врска со барањето на Здружението на угостители и туристички работници „Охридски Еснаф“ од Охрид за свикување и одржување на итна седница на советот.

На состанокот детално беше разгледано барањето на здружението и сите предложени точки за расправа, по што од страна на двете советнички групи беше донесен заеднички заклучок дека Советот на Општина Охрид нема ингеренции да расправа по ниту една од предложените точки во барањето. Двете советнички групи го застапуваат ставот дека не постои правна и законска претпоставка за свикување и одржување на итна седница врз основа на вакво барање, ниту пак советот може да донесе одлука во врска со предложените точки.

— реклама —

Двете советнички групи изразија поддршка на градоначалникот Константин Георгиески и Општина Охрид да постапуваат во рамки на своите ингеренции во согласност со сите законски прописи почитувајќи го принципот на неселективност. Двете советнички групи сметаат дека е од исклучителна важност Охридскиот регион да го задржи статусот на Светско природно и културно наследство на УНЕСКО и ги повикуваат сите надлежни институциии да постапуваат во согласност со своите надлежности во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО.

Совет на Општина Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 8 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања