„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Советот ќе испрати, Собранието низ комплицирана постапка треба да ја разреши Јанева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
katica-janeva

Советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека се исполнети условите за почнување постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Канева, која е во притвор како осомничена за случајот „Рекет“. Советот ќе изготви извештај што ќе биде доставен до Собранието, кое понатаму треба да ја продолжи постапката за разрешување на Јанева.

— реклама —

– Советот, откако сите членови изнесоа анализа за состојбите по списите во истражниот предмет за организиран криминал кој се однесува на постапувањето на обвинителката Јанева во предметот „Империја“ на СЈО, едногласно одлучи дека се исполнети услови за да започне постапка за разрешување на јавната обвинителка Катица Јанева. За тоа да го направиме Советот треба да изготви извештај со утврдена фактичка состојба и да го достави до Собранието – изјави вчера по седницата претседателот на Советот на ЈО, Коле Штерјев. Додаде дека согласно своите надлежности, Собранието понатаму ќе ја продолжи постапката.

Во текот на вчерашниот ден Димовски почнал консултации со претседателот на Собранието Талат Џафери и со дел од координаторите на пратеничките групи. Постапката, како што рече, е комплицирана, потребно е да се обезбеди согласност од политичките партии, Комисијата да го донесе заклучокот, практично Комисијата треба да предложи разрешување на специјалниот јавен обвинител и потоа да се закаже седница на Собранието за разрешување на Јанева од функцијата специјален јавен обвинител.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања