ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Советот на амбасадори го осуди нападот врз екипата на Ал Џезира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Milka

Советот на амбасадори го осудува инцидентот врз екипата на ТВ Ал Џезира, предизвикан пред неколку денови на еден од протестните собири против енергетската политика на Владата.

— реклама —

„Физичката конфронтација на дел од активистите на тој протест со новинарката Милка Смилевска, постојана дописничка на оваа телевизија од Скопје, го дефинираме како крајно непримерен гест против граѓанските права и слободи воопшто и посебно, против правата за слободно, и професионално информирање на пошироката граѓанска јавност од страна на електронските и печатените медиуми.

Советот на амбасадори решително стои на позициите на подршка на сите клучни уставни и законски одредби и прописи за заштита на слободата на изразување и на професионалноста во новинарската дејност. Овие вредности ги сметаме за решавачки и безусловни и во напорите на нашата земја што поскоро целосно да се вклучиме во големото европско семејство, каде што реално припаѓаме, и да ги достигнеме сите највисоки стандарди на однесување, иманентни на високоразвиените демократски општества“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања