Претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев соопшти дека едногласно била донесена одлуката дека се исполнети условите за шефицата на СЈО да биде разрешена.
„Денеска Советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека се исполнети условите за разрешување на специјалната обвинителка, Катица Јанева. За тоа да го направиме, Советот треба да изготви извештај кој ќе го достави до Собранието, за тие натаму да ја продолжат постапката. Едногласна е одлуката. До утре извештајот ќе биде доставен до Собранието“
Тој објасни и што ќе достави до Собранието од целата документација која ја даде Вилма Русковска.
„Извештајот ќе ги преслика еден дел од исказите, доволно податоци, за да Собранието постапува. Собранието треба да оди со предлог и кај нас доаѓа постапката за разрешување“