Советот на Општина Центар ќе одлучува за барањата на пазарџиите од Зелен пазар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, во текот на вчерашниот ден остварија средба со пазарџиите од „Зелен Пазар“.  На состанокот присуствуваа претставници од трговците кои на градоначалникот и директорот им ги соопштија проблемите со кои се соочуваат со нелегалните продавачи на стока и роба на паркингот со кој стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, како и со новите измени во поскапување на цените за паркирање на територијата на Општина Центар.

— реклама —

Преку аргументирани забелешки, двете страни постигнаа договор за надминување на разликите, кои изминатиов период манифестираа со неколкудневен штрајк од страна на пазарџиите на „Зелен Пазар.“

— реклама —

„Приоритет ни се граѓаните кои живеат тука. Подготвени сме да најдеме решение и не сакаме никого да оштетиме, туку напротив, сакаме да воведеме ред. Доставете ги писмено Вашите барања во архивата на општината, како би можел да ги разгледам и да ги предложам на следната седница на Совет на Општина Центар.“ – изјави градоначалникот.

— реклама —

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ  изјави дека ќе ги предложи барањата на пазарџиите на наредната седница на Советот на Општина Центар, каде за нивните барања ќе одлучуваат советниците на Општина Центар.

Фото: Општина Центар

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања