Промени тема
Контакт

Советот на Општина Кочани е банкомат за партиите – тврди Венко Крстевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
kocani-sovet

Преку објава на социјалните мрежи, Венко Крстевски остро го критикуваше Советот на Општина Кочани и претседателот Лазо Митев, обвинувајќи за незаконски одлуки, партиски влијанија и оставени граѓани без решение.

Советот на Општина Кочани уште еднаш покажа дека за нив законите не важат, важи само партиската агенда.

Претседателот на Советот, Лазо Митев, наместо да ја брани општината и граѓаните, повторно оди спротивно на закон и уцени. Закани и манипулации ги користи како политички алатки. Без официјален документ примен во Општина Кочани, Советот незаконски донесе одлука за паралелки со намален број ученици и истата е СТОПИРАНА на 3-ти септември. А притоа, Лазо Митев најавува кривична против мене и обвинува дека „се криеле документи“. Епа, јавно прашувам: како тој документ стигнал кај него? Од партијата ли? Од нивните канцеларии по кафани? Зошто тој го добил а јас не? Дали по партиска пошта испраќаат официјајлни документи?

— реклама —

Ова е суштината на проблемот, партиите гледаат на Општина Кочани како на банкомат, од каде треба да се испумпуваат пари за нивната партиска војска. Милиони денари за партиски војници, додека граѓаните се дават во проблеми без решение.

— реклама —

Никогаш порано Кочани немал толку слаба советничка група како што е на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе без став, без идеја, без визија, без искажан збор. Единствен интерес им е паушалот што го земаат секој месец. А граѓаните? Оставени на милост и немилост.

Јас нема да молчам!

— реклама —

Партиите може да си плаќаат војска колку сакаат, ама народот гледа и памети. Кочани заслужува чесна и одговорна власт, а не партиски пиончиња што работат против својот град.

#ПаушалКомити

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymg4hvid9deuccAiKZrS

„Одолжувањето нема магично да создаде аргументи“: Реакција за судењето за трагедијата во Кочани

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања