Промени тема
Контакт

СОЗР и Владата признаа дека во време на криза набавиле кафе за 50.000€, тврди опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kafe

„Владата призна дека наместо да воведува антикризни мерки, наместо да штеди и да се грижи за граѓаните, тие ќе пијат кафе по цели денови“, вели ВМРОП-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„Тотално е неважно дали СОЗР набавува кафе за Ковачевски, Спасовски или Николовски, важно е дека заради нивната неспособност граѓаните трпат сиромаштија.

— реклама —

Луксузот на Владата ја покажува незаинтересираноста и негрижата за граѓаните и државата.

— реклама —

Владата и СОЗР може да кажат исто така дали е поважно да пијат кафе со златни лажички кои исто така ги набавија во време на сериозна криза или пак е поважно граѓаните да имаат да се прехранат.

Едно е јасно, знаеле дека ќе има сериозна економска криза и воопшто не им било важно.

— реклама —

Најважно им било да уживаат во луксузот кој си го ствараат додека се на власт“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања