Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Спам мејлот во име на МВР е унгарски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kompjuter

Адресата на спам мејлот преку кој e пуштен фалсификуван допис во име на Полицијата на Северна Македонија, а со потпис на државниот секретар на МВР, Магдалена Несторовска, доаѓа од Унгарија.

Државниот секретар на МВР, Магдалена Несторовска утрово преку соцојлната мрежа Фејсбук информираше дека преку мејл се пушта фалсификуван допис, на кој стои нејзиното име, со цел да се предизвика вознемиреноста кај граѓаните.

— реклама —

„Ве известувам дека преку електронската пошта циркулира, фалсификуван допис. Истиот не е ниту испратен, ниту потпишан од мене, како Државен секретар на МВР. Се работи за груб фалсифкат со цел да предизвика вознемиреност кај граѓаните !“, напиша Несторовска.

Исто така апел стигна и од МВР. Тие предупредија граѓаните да не наседнуваат на вакви измами.

— реклама —

„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура“, се вели во соопштението од МВР.

Од МВР апелираат граѓаните воопшто да не ги отварат овие електронски пораки.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања