Спасени залутаните лица и детето од опасната локација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_7606

Тим спасители со пловење со чамец по Пчиња од Катланово па, се до опасната локација на изгубените, пред манастирот Мала Богородица во клисурата на реката под самиот автопат, со голем напор и несебично залагање безбедно ги пронајдоа и ги извлекоа од десниот речен брег на левиот, а потоа безбедно ги качија на автопатот.

— реклама —

Конкретно, четирите залутани лица, две жени, еден маж и дете (возраст 29, 18, 35, 7 години), прво преку 112 во ЦУК, беа лоцирани и беа пронајдени и истите по исклучително стрмниот терен успеаја да се спуштат на десниот брег на реката Пчиња на непристапно место над – пред манастирот Мала Богородица, во клисурата на реката Пчиња, под автопатот Скопје - Велес, од каде што по земјен пат не можеа да се извлечат во текот на ноќта. Теренот таму е исклучително стрмен и опасен за движење. Инаку Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координираше за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС Велес и Општина (ЕЛС) Велес, по што од Велес дојде од општината и Тим спасители на вода од доброволното друштво „Македонски спасител безбедност на вода и планина Велес“ со специјален спасувачки чамец,.

— реклама —

Тимот спасители на вода од Велес, а со поддршка и на тим од припадници на САЕ „Тигар“ тргнаа од Катланово пловејќи по Пчиња во обид да се пробијат до местото каде што се наоѓаат лицата за да ги префрлат од другата страна на реката, околу триста до петстотини метри над манастирот Мала Богородица којшто се наоѓа во клисурата на Пчиња под самиот автопат. Во реката спасителите наидоа на многу препреки, коишто мораа да ги преминат буквално пренесувајќи го на раце на некои места чамецот, а на едно место дупнатиот чамец и на терен го лепеа, по што продолжија. Студенилото, мракот и влажноста дополнително отежнуваа, но и залутаните лица, исто така, беа изложени на студенилото на ноќта, бидејќи имале само лесна дневна облека, маички на кратки ракави. Таквите услови ја диктираа континуираната динамика што спасителите ја реализираа со голем напор, но и со голема волја да се помогне оптимално брзо, а безбедно за сите.

— реклама —

На лице место, долу во длабоката и опасно стрмна клисура се спушти и директорот на ЦУК, Ангелов, заедно со таткото, еден од родителите на дел од лицата, при што се остваруваше и заедничка комуникација преку реката во длабоката и стрмна клисура, со лицата при што тие беа успокоени и беше прашање само на време кога ќе бидат извлечени. За тоа време имаше обиди да им се фрлат шишиња со вода за да не дихидрираат, бидејќи нивната вода завршила.

Во време нешто по 02.00 по полноќ лицата беа безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот, од каде што со возила се превезоа во нивните домови во Скопје.

Директорот на ЦУК Ангелов, изрази голема благодарност на сите ангажирани во спасителната акција за безбедно пронаоѓање и префрлање преку реката со чамец и извлекување на лицата што беше многу специфична, но успешно се реализираше од страна на сите присутни на терен, а и дежурни во Системот за управување со кризи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања