ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Спасосвски до жителите каде е прогласена кризна состојба: Бидете уверени дека ова е најдоброто решение кое најбргу ќе даде резултати и ве замолувам да нема поголема паника

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
oliver-1

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција во врска со актуелната состојба за справување со коронавирусот истакна дека сите граѓани со мислите и со срцата се со граѓаните на Дебар и со Центар Жупа маста каде што вчера беше прогласена кризна состојба.

— реклама —

Премиерот потенцираше дека сите граѓани мора да се придржуваат кон мерките издадени од Владата со цел побрзо да се спречи ширењето на вирусот и финкционирањето на земјава да се врати во нормала.

„Подготвени се сите активности да спроведеме ефикасни мерки и сите институции и нивните припадници се на терен, првата ноќ во Дебар и Центар Жупа мина мирно без инциденти и движење на населението, а така е и утрово, односно жителите се придржуваат кон мерките. Најважно е тоа и граѓаните на таков начин треба да го дадат својот придонес. Формиран е главниот оперативен штаб со цел да се спречи ширење на вирусот. Преземена е контрола и на мерките за да не се пренесува инфекцијата, заштита на граѓаните во услови на кризна состојба, зајакнување на мерки за обезбедување на државната граница од места кои доаѓаат од кризните подрачја, зголемување на нивото на безбедност“, истакна Спасовски.

— реклама —

Спасовски обраќајќи се до жителите од Дебар и центар жупа кажа:

„Бидете уверени дека ова е најдоброто решение кое најбргу ќе даде резултати и ве замолувам да нема поголема паника. Има организиран и институционален систем ќе се обезбедат сите услови и сите мерки да се обезбедат во кризна состојба. Во Дебар и Центар Жупа ќе се обезбеди да функционираат бакни, прехрамбени објекти, бензински пумпи. Сите траба да го дадеме личниот придонес и да се придржуваме кон препораките.  Објектите за храна ќе работат но со препорака на Кризниот штаб", изјави Спасовски.

фото: PRTSC

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања