Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Ѝ Спасовски бара кој е одговорен оти нема пасоши, топката повторно кај Чулев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
19012020_PVRSM_Spasovski_Bogojavlenie_Kocani2

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој до 3 јануари беше министер за внатрешни работи, не знае кој е одговорен што нема пасоши. Одговарајќи на новинарско прашање зошто уште не е утврдена одговорност кај ниту едно лице во Министерството за внатрешни работи, за пасошката криза, Спасовски рече дека во моментов за функционирањето на министерството е надлежен техничкиот премиер Наќе Чулев.

— реклама —

„Навистина се прашувам зошто не може да се даде одговор на сите овие прашања. Мислам дека подоброто менаџирање, повеќе бавење со суштински работи, немаше да доведе до една ваква криза. За функционирање внатре во министерството е надлежен министерот и има механизми да се утврди кој е одговорен ако има одговорност. Сум имал и јас такви ситуација неколку пати во целиот тој период, но, немаше проблем во однос на пасошите или другите лични документи“, рече Спасовски на прес-конференцијата за распишување на оглас за изградба на хидроцентралата Чебрен.

Иако техничката Влада функционира 1,5 месец, Спасовски се пожали дека информација за проблемот со пасошите Владата добила пред една недела.

— реклама —

„Мислам дека подоброто управување, начинот на функционирање внатре во институцијата, повеќе занимавање со суштинските работи отколку со неважни прашања, немаше да доведат до ваква криза. И ние овде веќе размислуваме како и на кој начин да помогнеме за да се дојде до конечно решение на овој проблем“, одговори премиерот Спасовски на прашањето чија е одговорноста за доцнењето на пасошите.

Премиерот Спасовски избегна конкретен одговор на прашањето зошто при планирањето на набавката не било земено предвид дека оваа година истекува важноста на првите биометриски пасоши, како едно од причините за зголемена побарувачка на пасоши.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања