Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Спасовски до 21 октомври треба да формира работната група за ветинг во МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
spasovski

Владата вчера ја усвои информацијата и Предлог – планот за мерки, активности и динамика на спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

— реклама —
-Владата го задолжи министерот за внатрешни работи, најдоцна до 21 октомври 2019 година, да ја формира работната група утврдена за спроведување на процесот на ветингот на вработените во Министерството за внатрешни работи и преку претседателот на Собранието на Република  Македонија да побара во работната група да земат учество најмногу тројца претставници од политичките партии во Собранието на Република Македонија, кои ќе бидат во улога на набљудувачи на процесот на ветинг во Министерството за внатрешни работи, соопшти владината прес-служба.

— реклама —

Планот, како што се наведува во соопштението, го изработила Работната група, во која покрај претставници на Министерството, учествуваат и претставници на академската заедница, Македонскиот полициски синдикат, ОБСЕ, Амбасадата на САД, како и претставници од невладиниот сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања