Спасовски е должен да ги искористи сите домашни капацитети, но и странска помош за да стави крај на тероризирањето врз граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
spasovski

Спасовски пред еден месец тврдеше дека многу скоро ќе се открие извршителот кој стои зад лажните дојави за бомби кои шират страв и несигурност кај граѓаните. Од тогаш помина цел месец, а бројот на дојави се зголеми и освен јавни објекти цели на дојавите станаа и објекти за домување. Ова е веќе сериозен проблем. Со часови граѓани сред зима се надвор од дома затоа што надлежните не можат да го откријат сторителот или сторителите, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Спасовски е должен да ги искористи сите домашни капацитети, но и странска помош за да стави крај на тероризирањето врз граѓаните, институциите и компаниите во Македонија. За каква стабилна безбедносна состојба говори Спасовски кога министерството кое го води нема апсолутно никаков успех во справувањето со оваа закана.

— реклама —

Ако на ваквата континуирана трауматизираност на граѓаните се додадат другите скандали поврзани со МВР, тогаш Спасовски требаше уште вчера да си поднесе оставка. После скандал како кражба од депо со оружје во МВР, после доделени 215 пасоши на светски мафијаши, после доделувањето на државјанство на лице од црната листа на САД, после давање на тендер за софтвер на компанија од црна листа, после забошотување на скандалот со синот на Буши, после бркањето на полицајците од пункт во Арачиново, после неколку месечен неуспех да се открие кој стои зад лажние дојави за бомби, само човек без грам срам и Оливер Спасовски можат да останат на функцијата министер.

— реклама —

Оставка и одговорност за Спасовски мора да има“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања